Дилиен Вајт за Џошуа-Фјури: Сметам дека и двајцата можат да победат

Дилиен Вајт не гледа изгледен фаворит во пресметката за апсолутната светска титула во тешка категорија, за која ќе се соочат Тајсон Фјури – шампион во ВБЦ и Ентони Џошуа – победник на појасите на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО.

„Ова е бокс во тешка категорија. Кој би претпоставил дека Хасим Рахман или Оливер Мекол ќе го нокаутирал Ленокс Луис? Ова е тешка категорија. Владимир Кличко загуби од Рос Пјурити, никој не го ни познаваше ова момче. Мислам дека и двајцата можат да победат. Двајцата покажаа голема разновидност на своите средби“, изјави Вајт за TalkSport.com.

Досега Тајсон Фјури нема пораз во професионалниот ринг. Ирецот има биланс од 30 победи (21 со нокаут) и 1 нерешен резултат (во првиот судир за светската титула на ВБЦ против Дионтеј Вајлдер).

Џошуа има скор од 24 победи (22 со нокаут) и 1 пораз (од Енди Руиз Јуниор).

„Во двете борби што ги имаше Џошуа со Руиз и во двете битки што ги водеше Фјури со Вајлдер, тие беа истите момчиња, но победија со различни стилови и на различни начини. Џошуа загуби од Руиз, а Фјури ремизираше со Вајлдер. Во вториот меч, од задната нога, Фјури стана агресивен и го нокаутира Вајлдер. А, Џошуа, на предната нога, застана на задната нога и го победи Енди Руиз со одлука. Дали ме разбираш што мислам? Тешко е да се каже кој ќе победи … Тешко ми е да кажам, мислам дека шансите во оваа битка се 50-50“, заклучи Вајт.

Вајт, пак, ќе се соочи со Александар Поветкин на реваншот откако загуби од Рускиот витез на првиот меч. Англискиот боксер и Русинот ќе влезат во рингот на 27 март, а локацијата е Гибралтар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО