Хабиб избра претседател на неговата организација

Хабиб Нурмагомедов избра претседател на неговата ММА организација која ја купи пред неколку дена. „Орелот“ го назначи својот ММА-борец Шамил Завуров за претседател на ФЦ Орел.

Пред неколку дена, организацијата на Нурмагомедов го одржа својот прв настан, а за неколку недели следува нова гала вечер на ЕФЦ во Нижни Новгород. Завуров е 36-годишен Дагестанец со скор 36-6-1 во ММА.

Последен пат го победи Матијас на ГФЦ 14 во средината на 2019 година. Пред тоа, Шамил учествуваше на турнирот во лесна категорија на Роуд ФЦ и се пласира во финалето. За жал, Завуров загуби со тежок нокаут од Мансур и не успеа да ја освои наградата од еден милион долари.

Хабиб и Завуров се многу блиски, а многупати Нурмагомедов беше во неговиот агол. Заедно се подготвуваа за своите битки. На својот профил на социјалните мрежи, Нурмагомедов ја сподели веста за назначувањето на Завуров.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON