Бразилска боксерка притворена: Го претепала до смрт сопругот

Боксерката Вивиен Обенауф од Барзил е обвинета за убиство на 61-годишниот сопруг и моментално е во притвор. 

Нејзиниот сопруг е пронајден мртов во заедничкиот стан во Швајцарија, а на неговото тело имало видливи повреди нанесени со тап предмет. Боксерката има 34 години и лани се повлече од професионалниот спорт по поразот од Британката Тери Харпер. Во кариерата имаше 14 победи и шест порази.

Вивиен има долг историјат на насилно однесување, бидејќи пред неколку години исто така била уапсена поради физички напад на маж во ноќен клуб, а нејзиниот поранешен љубовник неколку пати ја пријавувал поради насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО