Турнирот во Тел Авив стана дел од Гренд слем турнирите

Меѓународната џудо федерација избра нова дестинација за својот брендиран Гренд слем турнир.

Тел Авив се приклучува на најсилните натпревари во светот. Досега, израелскиот натпревар беше рангиран Гран при.

„Одлична вест за народот на Израел. Таму ќе се одржи еден од најпрестижните натпревари во светот. Во февруари 2021 година во Тел Авив ќе го следиме Грен слемот во олимписката година“, стои во соопштението на федерацијата.

„Овој турнир ќе биде од големо значење за олимписките надежи на џудистите.

„Очекуваме најдобрите спортисти на планетата да се соберат во Израел следната година“, додаваат од федерацијата.

Така, новата дестинација сигурно ќе го привлече вниманието на џудистите кои сè уште немаат норма за Олимписките игри во Токио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО