Џек Хермансон ги покажа штетите од мечот со Ветори

Џек Хермансон претрпе пораз од Марвин Ветори, што ќе го врати далеку во трката за титулата. Минатиот викенд во Лас Вегас, искусниот ветеран се соочи со Италијанецот гладен за победи и загуби со одлука на судиите. Ветори успеа да го победи Хермансон и сега ќе влезе во топ 5 во средна категорија. Џек, пак, најверојатно ќе го загуби своето место во топ 5 од категоријата.

Тој одлучи да ја покаже штетата што ја направи во оваа пресметка и откри дека скршил прст на ногата. Хермансон беше виден како наткривнува по битката во Лас Вегас. Минатата година Џек забележа големи победи над Бранч и Соуса и се пријави за големи работи.

За негова несреќа, загуби од Канониер на крајот на минатата година. Џек се врати со победа над Гастелум и повторно сонуваше за титулата, но Ветори  сериозно го приземји и сега Хермансон ќе мора повторно да победи.

Вака изгледаше по тешкиот пораз:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО