Хабиб и Тони конечно очи в очи (ВИДЕО)

Habib i Toni soocuvanje

Противниците од најочекуваната борба во 2017 година конечно застана еден спроти друг, односно го направија првото соочување. Истото го направија и учесиниците на главната борба на УФЦ 209.

Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон не се во главната борба на УФЦ 209, но реално помеѓу фановите и медиумите борбата доби многу повеќе внимание и изгледа повозбудлива од феноменалниот реванш на Тајрон Вудли и Стефен Томпсон. Сепак, борбата за привремениот првак во лесна категорија има нешто повеќе од самиот појас и позиција на иден противник на Конор Мек Грегор.

Денеска УФЦ за прв пат ги спои двајцата пред медиумите и фановите, па можевме да видиме како изгледа тоа. Некои преголеми напнатости немаше, меѓу другото до настанот останаа уште шест недели, а, секако, интересно е да се видат двајцата борци еден наспороти друг, бидејќи станува збор за борци кои заедно во низа имаат 17 победи во промоциите, а таков дуел во УФЦ досега не е организиран.

Освен нив двајца, по УФЦ 205 за прв пат се стретнаа и Тајрон Вудли и Стефен Томпсон, кои некое време се препукуваа преку медиумите. Но, како што успеавме да видиме и во други прилики, меѓу нив двајца, сепак, има некој пристоен однос и тоа е она што го прави спортското ривалство.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО