Хабиб и порача на Европа: Мораме да го заштитиме Мохамед Салах!

Познато е дека Хабиб Нурмагомедов го сака фудбалот и е голем навивач на Анжи од Махчкала, но и гордо истакнува дека е муслиман. Од таа причина се осврана и на фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, за кого смета дека е човек кој на сите треба да им биде идол.

„Го следам на социјалните мрежи, но никогаш не сме се сретнале. Тој е голем играч и сигурно дека сите сакаме идоли каков што е тој. Тој ја донесува вистинската слика на тоа какви се муслиманите. Чувствувам дека Аллах е со него, а новите генерации им требаат луѓе како што е Мохамед, да научат што е понизност, без оглед колку се славни. Мохамед Салах е човек кој мораме да го заштитиме, зад кој мораме да застанеме сите со цел да продолжи со успешните игри. Драг ми е како човек, но пред се како личност која шири вистинска вредност во Европа”, рече Хабиб Нурмагомедов за египетскиот фудбалер.

Дефинитивно Салах е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул и воопшто во Премиер лигата, за Ливерпул Египќанецот досега има вкупно 37 голови од 46 натпревари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО