Хабиб го поддржа Роналдо на „Олд Трафорд“

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов беше специјален гостин на фудбалски me; во Англија. Русинот го следеше натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Евертон од ВИП ложата на „Олд Трафорд“ на средбата од 7.коло во Премиер лигата.

Дегестанецот е долгогодишен пријател со ѕвездата на „Црвените ѓаволи“, Кристијано Роналдо, а борецот повеќе од еднаш присуствуваше на натпреварите на Португалецот. Сепак, овој пат Хабиб не му донесе среќа на својот соиграч, бидејќи неговиот тим одигра нерешено 1-1.

Хабиб доби и личен подарок – маичка со неговото име на Манчестер Јунајтед. Маичката го носи бројот на Кристијано Роналдо – 7.

Покрај Хабиб Нурмагомедов, уште една голема спортска фигура беше забележана во ВИП ложата – осумкратниот олимписки шампион во трчање на 100, 200 и 4х100 метри, Усеин Болт, кој исто така имаше желба да заигра фудбал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО