Хабиб – Гејџи во Абу Даби во октомври

Хабиб Нурмагомедов ќе го направи долгоочекуваното враќање во октагонот во октомври на островот Јас во Абу Даби. УФЦ започна серија настани на битниот остров уште овој месец, почнувајќи со битка меѓу Израел Адесања и Пауло Коста.

Претседателот на УФЦ ја потврди локацијата на следните пет настани, почнувајќи од УФЦ 253 на 27 септември и завршувајќи со УФЦ 254 на 24 октомври. Вкупно ќе има пет свечени вечери на островот Јас, а остатокот ќе биде на 4, 11 и 18 октомври.

„Одиме на борбениот остров. Имаме големи планови и ќе ги објавиме наскоро. И Ултимејт фајтер се врати. Ќе почнеме со снимање кога ќе се вратиме од островот. Имаме и серија на кандидати. Многу работи се случуваат”.

Обединувачката борба за шампионската титула во лесна категорија меѓу Нурмагомедов и Џастин Гејџи ќе се одржи на УФЦ 254. Тоа ќе биде прва борба на шампионот од септември минатата година, кога ја одбрани титулата против Дастин Пориер.

Нурмагомедов, кој наполни 32 години овој месец, е непоразен на 28 професионални натпревари и има 12-0 во УФЦ.

Во меѓувреме, Гејџи ја освои привремената титула откако во мај го победи Тони Фергусон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО