Хабиб е ММА крал, го совлада Конор, масовна тепачка во октагонот (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов е ММА крал (27-0-0) и шампин на УФЦ во лесна категорија, го совлада Конор Мек Грегор (21-4-0) со сабмишн во четвртата рунда во најочекуваната борба утрово во светот.

https://www.facebook.com/fightsandstuffvideos/videos/667627313608179/

Настана лудило по борбата, влезе публика во октагонот да се пресметува со Мек Грегор, а надвор од него со Нурмагомедов. Победникот не беше прогласен.

Нурмагомедов по само 40 секунди успеа да го руши Мек Грегор и го притискаше до жицата до крајот на крундата повремено задавјќи по некој удар.

Русинот на почетокот на втората рунда погаѓа со одлично десно кроше и по кратка размена наудари повторно го осборува Ирецот и многу поагресивно напаѓа од затворен гард. По сериозната штетата Мек Грегор успеа да се подигне на нозете дури во завршницата на рундата.

Мек Грегор во третата ја држи борбата на нозе, брани неколку обиди на рушење и задава удри со боксерска и неколку пати со коленото во тело.

По минута во четвртата рунда Нурмагомедов тргнува на уривање, но Ирецот успева 45 секунди да се брани пред да го доведе Русинот во незгодна позиција на подот. Мек Грегор успеа да извлече од маунт, но повторно беше во неповолвна позиција и Дагестанецот набрзо со нек кранк (задушување) го принуди на тапкање.

На Мек Грегор ова му беше првата ММА борба од ноември 2016 година, кога против Еди Алварез ја освои титулата во лесна категорија.

ОВДЕ.

https://youtu.be/T1dSg_lTeLc

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=DchpS1SO2bY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО