Хабиб доби астрономска понуда од 200 милиони долари за борба со Конор и Мејведер

УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов доби неверојатна понуда од Саудиска Арабија.

Арапски богаташи му понудиле на Дагестанецот 200 милиони долари за да се бори во Саудиска Арабија со Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер. Оваа вест ја потврди менаџерот на Хабиб, Али Абделазиз кој преговарал со луѓето од Саудиска Арабија.

Претходно таткото на Хабиб бараше 100 милиони долари за неговиот син да прифати реванш со Конор. Богаташите таа негова изјава како едвај да ја чекаа. Тие ја нудат таа сума, но под услов борбата да се одржи во Ријад.

После реваншот со Конор, Кабиб би се борел во боксерски меч со Флојд Мејведер. За оваа борба би добил дополнителни 100 милиони долари.

Понудата секако и тоа како е примамлива, но останува да видиме дали на крај ќе ја видиме таа борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО