Дана Вајт го нареди Мек Грегор до Али, Тајсон и Шугар Реј

Дана Вајт повторно ја пофали неговата голема ѕвезда. Претседателот на УФЦ смета дека нивната златна кокошка Конер Мек Грегор е меѓу најголемите во историјата на спортот. Вајт го рангира „Озлогласениот“ меѓу великаните во боксот и е категоричен дека има место меѓу нив, затоа што неговите борби се интересни. Дана смета и дека Мек Грегор е одлична личност која успева да ја придобие љубовта на луѓето.

Минатиот месец Мек Грегор се врати со победа за 40 секунди, а сега Вајт ќе стори сé за да ја рекламира својата ѕвезда и да продаде повеќе платени гледања.

„Ги имаме Конор Мек Грегор, Џонс, Адесања, Усман, Масвидал и Дијаз се исто така големи sвезди. Има многу момци, но нивоата се различни. Мек Грегор не е само најголемата ММА ѕвезда, туку и една од најголемите sвезди во историјата на спортот. Тој е меѓу најголемите во спортот и точка!

Кога зборувате за спорт, зборувате за Мухамед Али, Мајк Тајсон, Мек Грегор и Шугар Реј. Конор е дефинитивно во оваа категорија. Неговиот стил е забавен. Кажи ми која од борбите на Мек Грегор не вреди? Нема да најдете таква.

Едноставно,  неговата личност, тој има страотна личност, заразна насмевка. Тој е забавен. Тој едноставно го има тој фактор и ја има таа аура која луѓето ја сакаат“, рече Вајт за својот Миленик.

https://www.instagram.com/p/B75UMbFpFUz/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО