Гранд мастер Ким Унг Чол по трет пат ќе одржи семинар во Охрид

Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид на 10 и 11 февруари организира технички семинар со професор гранд мастер Ким Унг Чол, црн појас деветти ден, кој по трет пат доаѓа во балканскиот Ерусалим.

Ким Унг Чол е и претседател на Комисијата за организирањето на турнири во рамките на Интернационалната теквондо федерација (ИТФ).

„Во светот има двајца таеквондисти кои се носители на титулата сениор гранд мастер, а еден од нив, на наше задоволство, повторни ќе биде гостин во Охрид“, истакнуваат од Хва ранг ИТФ.

Фактички, со семинарот ТКД Хва ранг ИТФ ги започнува активностите во 2018 година. Тренинзите од семинарот ќе се одржат во Домот на Културата-Лескоец во спорската сала од Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид.

Ipon.mk

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО