АктуелноДомашна сценаКарате

Градоначалникот Митевски го посети шампионот Матеј Белистојаноски

Им честитам на Матеј, неговите тренери и клубот и им посакувам уште многу успеси и медали, рече Митевски.

„Со голема радост го посетив Карате клуб „Олимпик“, горд спортски амбасадор на Општина Аеродром и Македонија. Повод беше извонредниот успех на нашиот млад шампион Матеј Белистојаноски, кој на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар, освои златен медал и стана европски шампион во У-21 до 67 килограми“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски.

Тој во објавата потсетува дека во силна конкуренција од 1.276 натпреварувачи од 47 држави, Матеј со 6 борби и 6 победи покажал дисциплина, квалитет и вистински шампионски дух — гордост за целата држава и за Аеродром.

„Им честитам на Матеј, неговите тренери и клубот и им посакувам уште многу успеси и медали.

Општина Аеродром се гордее со ваквите талентирани деца и ќе продолжи силно да ги поддржува во секој нивни подвиг.

Честитки шампионе — Аеродром е горд на тебе“, истакна Митевски!

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON