Гоце Јанески по „Златниот гонг“ ќе јуриша и на „Златната ракавица“ со Никола Арсов

goce-janeski-so-zlatniot-gong-2016

Освојувачот на „Златниот гонг“ Гоце Јанески од БК Аперкат и Никола Арсов од БК Пинк Пантер ќе настапат на силниот Меѓународен турнир „Златна ракавица“ во Врњачка Бања во Србија.

На 59-тата „Златна ракавица“ од 24 до 27 ноември ќе настапат околу 50 боксери од осум држави Белгија, Романија, Шкотска, Црна Гора, Кипар, Словенија, Србија и Македонија.

Јанески ќе настапи во категоријата до 75 килограми, а Арсов до 60.

Од таборот на освојувачот на Златниот гонг велат дека Јанески е подготвен и дека ќе јуриша на победи и на освојување на трофејот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО