Милан Кубин обезбеди бронза на Европското првенство, Димира Ѓоргиев ја продолжува борбата за медал

kik-boks-reprezentacijata-vo-grcija-na-ep-2016

Милан Кубин (- 89 кг) и Димитар Ѓоргиев (-74 кг) во дисциплината кик лајт ги продолжуваат натпреварите на Европското превнство во кик бокс во Грција, со тоа што Кубин обезбеди најмалку бронзен медал.

Но, успехот е половичен по првиот натпреварувачки ден на ЕП, бидејќи изненадувачки е елиминирана Стефани Тодорова во дисцлината кик лајт до 60 килограми, како и единствениот наш кик боксер во дисциплината фул контакт, Јетмир Имрули.

Димитар Ѓоргиев го победи британскиот кик боксер Бенџамин Аугусто со 3-0, додека Милан Кубин беше подобар од Пољакот Михаел Орежак со 2-0. Стефани Тодорова беше елиминирана од словачката репрезентативка Софија Комечкова ,додека Јетмир Имрули е поразен од Ирецот Мил Мек Дермот.

Утре, на вториот натпреварувачки ден, за прв пат на татамите ќе излезе Ненад Манојловски во кик лајт дo 69 килограми,а патот кон нов медал утре го продолжува и Димитар Ѓорѓев.

Според програмата, во четврток последна од нашиот национален тим ќе се појави Марија Божиноска во кик лајт до 70 килограми, како и Милан Кубин кој веќе обезбеди најмалку бронзен медал.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО