Гоце Јанески: Очекувам да бидам најдобар боксер во мојата категорија во Регионалната боксерска лига!

 

Најдобриот македонски боксер за мината година Гоце Јанески од БК Аперкат е големо засилување за БК Пинк Пантер во Регионалната боксерска лига кој утре ќе ги вкрсти ракавиците со БК Војводина-Спартак од Србија во Штип со почеток од 17 часот.  

Во недела дебитираш за Пинк Пантер во Регионалната лига и тоа како најдобар македонски боксер за минатата година. Што значи за тебе настапот во Регионалната лига и дали префиксот најдобар е оптоварување?

-Настапот во РЛ за мене значи доста поради тоа што ќе имам повеќе борби со добри боксери, ќе стекнам повеќе искуство и ќе ги бранам боите на Македонија.

Префиксот најдобар е мотив повеќе за да се оправда истото, но, исто така и одреден притисок да не бидам поразен.

Што очекуваш од борбата со Војводина-Спартак, односно дали го знаеш противникот?

-Противникот не го знам, подоготвен сум за секој протовник и сигурен сум во себе.

Минатата година настапуваше и во Првата српска лига. Годинава ќе настапуваш ли таму, или?

-Сега ќе настапувам во Регионалната лига, на поголеми турнири и нормално во Македонската лига.

Кои се твоите очекувања во оваа година?

-Годинава очекувам да бидам најдобар боксер во мојата категорија во Регионалната боксерска лига, во Македонија и на меѓународните турнири.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО