Гоце Јанески јуриша на „Златната ракавица“ – се пласира во финалето!

goce-janeski-pobednik-2-borba-zlatna-rakavica-2016

Вчера Гоце Јанески (-75 кг) ја полуде публиката на Меѓународниот боксерски турнир „Златна ракавица“ во Врњачка Бања, Србија, а денеска беше нејзиниот миленик. Гоце извојува победа против многу поискусниот и повисок Томислав Чоловиќ од Србија кој има над 100 мечеви. Публиката крајот на борбата го дочека на нозе скандирајќи го името на нашиот репрезентативец.

Јанески утре ќе јуриша на „Златната ракавица“ против бронзениот од Европското првенство и Олимпијдата, Александар Дреновак, кој има над 200 борби во кариерата.

Вториот наш претставник, Никола Арсов (-69 кг, БК Пинк Пантер), е поразен во првата рунда со прекин на мечот.

Вчера во атрактивна борба Јанески од БК Аперкат ја совлада големата боксерска надеж на Србија Томсилав Макиќ од БК Лазаревац.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО