Кик бокс репрезентацијата освои 2 сребрени и 2 бронзени медали на ЕП во Грција

makedonskata-kik-boks-reprezentacija-na-ep-2016

Македонската репрезентација го заврши Европското првенство во кик бокс во Лутраки-Грција со два сребрени и два брозени медали по финалната борба на Милан Кубин (-89 кг) во кик лајт.

milan-kubin-so-medalot-na-ep-2016

Кубин е поразен во финалето од рускиот репрезентативец Александер Бобров, со што го освои сребрениот медал.

kik-boks-site-so-medali-na-ep-2016

Кубин во изедначена борба златото го изгуби во последната секунда, кога Бобров го оствари победничкиот поен за 2-1.

Милан Кубин може да жали што не успеа да го освои златниот медал на Европското првенство во Лутраки, Грција. Нашиот репрезентативец во кик лајт дисциплината до 89 килограми финалниот меч против Александар Бобаров го загуби со поен во последната секунда.

„Милан Кубин може да жали што не успеа да го освои златниот медал на Европското првенство во Лутраки, Грција, бидејќи финалниот меч против Александар Бобаров го загуби со поен во последната секунда.

Во еден израмнет меч во текот на сите три рунди, тој беше блиску до првото злато за нашата држава на ова натпреварување, но, не успеа да дојде до тоа откако противникот му зададе удар и со тоа го доби победничкиот поен за конечни 2-1“, велат од таборот на нашата репрезентација, истакнувајќи дека и покрај тоа, ова е огромен успех за нашиот национален тим затоа што во досегашниот настап освоени се вкупно четири медали, по две сребра и бронзи.

Во претпладневната програма Марија Божиноска го освои сребрениот медал во кик лајт до 70 килограми. Таа во финалето беше поразена од полската репрезентативска Катарина Квичиен со резултат од 3-0.

Со бронзени медали се закитија Димитар Ѓорѓиев и Ненад Манојловски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО