Гоце Јанески: Иако се европски прваци одам на трета победа!

Гоце Јанески, во моментов најдобриот македонски боксер, кој веќе има две 2 од 2 во Регионалната боксерска лига е оптимист и пред средбата со европскиот првак Сесвете.

„Подготвен сум, без разлика од каде е противникот, дали од Хрватска или од којабило друга држава. Иако се европски прваци јас одам на третата победа. Уште еднаш ќе повторам, ќе бидам најдобриот боксер во Регионалната боксерска лига во категоријата до 75 килограми“, истканува Гоце Јанески за IPON.mk.

Противник на Гоце ќе му биде Дино Мартиновиќ.

Утре во третото коло на Регионалната лига во Штип се среќаваат Пинк Пантер и Сесвете од Загреб, екипа која до сега има две победи во две средби.

Борбите почнуваат во 19 часот во слата „Јордан Мијалков“ во Штип.

Во третото коло се среќаваат:

Пинк Пантер – Сесвете

Лазаревац – Лозница

Војводина/Спартак – Радник

Славија е слободна

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО