Горила со три сребра и една бронза од „К-1 трофеј на Ниш“ и Балканс бест фајтерс (ФОТО)

gorila-1-nis-2016

Кик бокс клубот Горила е единствениот клуб од Македонија кој учествуваше на двата меѓународни турнири „К-1 трофеј на Ниш“ и на професионалниот дел „Балканс бест фајтер“ на кој Дамјан Здравковски се бореше со Новак Радуловиќ и загуби со прекин. Истиот натпреварувач се закити со сребрен медал на „К-1 трофеј на Ниш“.

gorila-4-nis-2016

Кикбоксерите на Горила освоија три сребрени и еден борнзен медал.

Душан Чимев (-81 кг) во лоу кик сребрен медал;

Дамјан Здравковски (-71 кг) К-1 сребрен медал „К-1 трофеј на Ниш“ и во лоу кик бронза на Балканс бест фајтер;

Бојан Крстевски (-71 кг) К-1 сребрен медал.

gorila-5-nis-2016

„Јас сум задоволен од квалитетот и од покажаното од моите борци. Успешно ја завршуваме годинава. Повторно заедно, сплотена целата Федерација на чело со Дејан Митровски – Урко“, вели тренерот на Горила, Иле Ристески.

gorila-7-nis-2016-site

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО