Ѓоргиев, Рамадани и Илиоски по визи за Светското првенство во мај тај (ФОТО)

Македонските репрезентативци во мај тај Бобан Илиоски, Хадис Рамадани и Димитар Ѓоргиев со претседателот на Кик бокс федерацијата на Македонија (КБФМ) Дејан Митровски – Урко, како и генералниот секретар и техничкиот секретар, беа во мексиканската амбасада во Белград да аплицираат за визи.

Имено, од 10 до 19 мај во Канкун, Мексико, се одржува Светско првенство во мај тај (тајландски бокс).

Претседателот на КБФМ истакнува дека македонската репрезентација ќе земе учество и на Светскиот куп од А класа во Будимпешта, Унгарија, од 18 до 21 мај.

„Во тек е пријавувањето и селекцијата на натпреварувачите кои ќе го социнуваат составот на репрезентацијата“, вели претседателот и селектор Митровски и додава дека голема помош и поддршка имаат од Агенцијата за спорт и млади и Македонскиот олимписки комитет во реализирањето на сите овие настани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО