Голвикин призна дека Кел Брук му е најголемиот тест досега

Golovkin bruk

Генади Головкин истакна дека очекува да се повлече од боксот без портаз, на нешто повеќе од еден месец пред мечот со Кел Брук на 10 септември.

ГГГ е шампион во средна категорија на ВБА, ИБФ и ВБЦ, а во моментов брои 35 победи (32 со нокаут) и ниту еден пораз. Неговиот противник Кел Брук исто така нема пораз до овој момент, а нивниот меч е во полусредна категорија.

Сепак, Головкин призна дека Брук му е најтешкиот противник до овој момент, изразувајќи увереност за победа над Британецот.

„Ова е мојот најголем тест. Најголемото име, против со кого што сум се сретнал. Кел Брук е шампион. Тој е многу сериозен борец. Малку тој е проблем за мене, бидејќи располага со различна брзина, различни големини и различен тајминг“.

„Разбирам дека ова е многу сериозно. Ова е голем меч и се надевам дека ќе го победам. Дали можам да се повлечам од боксот непоразен? Да, верувам во тоа. Апсолутно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON