Утре во Рио КАРАТЕТО ја очекува историската одлука (ВИДЕО)

Rio panorama za karate

Карате семејството ги впери очите во Рио де Жанеиро, каде што оваа древна вештина со нетрпение го очекува моментот за кој живее овие денови. Одбројувањето до конечната одлука за тоа дали КАРАТЕТО ќе биде вклучено во програмата на Олимписките игри во Токио 2020, претставници на Светската карате федерација (ВКФ) пристигнаа во легендарниот бразилски град за овој значаен повод.

Претседателот на ВКФ, Антонио Еспиноз, ја предводи делегацијата на Светската карате федерација да го претстави спорт во градот домаќин на Олимписките игри во 2016 година. Претставниците на ВКФ почнаа да пристигнуваат во Рио де Жанеиро уште во неделата, а возбудата расте во пресрет на клучните моменти за каратето.

129-тата сесија на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе ја донесе конечната одлука за вклучување на каратето во програмата на Олимписките игри во Токио 2020 на 3 август 2016 година.

Во меѓувреме, емоциите на поддршка од љубителите на карате спортот се големи во целиот свет, а целото карате семејство на социјалните медиуми ги изразува своите очекувања и чувства во врска со единствената можност да се види каратето на Олимписките игри и да се да се обистини сонот.

За поддршката ќе најдете повеќе во кампањата ВКФ на „Кажи ОС за каратето“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО