Семинар за самоодбрана на жени: Не биди девојка, биди алфа девојка

seminar za zeni samoodbrana

Семинар за боречки вештини наменет за понежниот пол ќе се одржи во организација на Центарот за боречки вештини „Д Стронгест & Рутс БЏЏ“ под водство на Алексовски Ивица, а насловен како „Не биди девојка биди алфа девојка“ Семинарот ќе се одржи на 28 август во Скопје. 

Во образложението за овој семинар се вели: „Насилството врз жените претставува сериозна повреда на човековите права, што феноменолошки се манифестира како резултат на дискриминаторски третман, односно нееднаквост помеѓу мажите и жените. Еден од клучните проблеми во врска со борбата против семејнотото насилство е што мал дел од случаите на родово насилство во Македонија се пријавуваат, а жртвите на родово базирано насилство, како што истакнуваат невладините организации посветени на оваа проблематика, не ја добиваат соодветната заштита од институциите надлежни да ја овозможат таа заштита.
Според веродостојни извори во период од 6 месеци, во судовите во Македонија имало дури 80 судски предмети, односно 188 судски рочишта за насилство врз жените“.

Семинарот ќе биде поделен во 3 дела и тоа: Вовед и запознавање на учесниците со стресната состојба при реален напад; Одбивање на непосреден напад во стоечка позиција;
Одбивање на непосреден напад во легната позиција (под) и Одбивање на непосреден напад со помош на имобилизатор.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО