Светскиот шампион во бокс во средна категорија на ВБЦ, ВБА, ИБФ и ИБО, 34-годишниот Казахстанец, Генади Головкин, изјави дека ќе се бори уште неколку години.
„Единственото нешто што сакам е да се борам со најдобрите борци во светот. За жал, само некои од нив сакаат да се борат со мене. Мислам дека ми остануваат уште две или три години во боксот. Немам време да ги чекам“.
На 10 септември Головкин ќе се сретне со светскиот шампион во полусредна категорија на ИБФ, Кел Брук.