Леснар остава можност за враќање во УФЦ

Brok Lesnar so rasireni race

Настапот против Марк Хант на уФЦ 200 можеби не е последениот во кој го видовме поранешниот шампион во тешка категорија Брок Леснар. И покрај тоа што сега е концентриран на WWE/ВВЕ кариерата, Леснар за американските медиуми открил дека во иднина може повторно да го гледаат во најпознатиот октагон.

„Имам неколку предизвици кои треба да ги совладам пред враќањето. Не знам, сега сум концентриран на ВВЕ кариерата. Сакав да се вратам во октагон и се одмаздам за поразот што го претрпев од дивертикулисот. Сакам да им се заблагодарам на фановите кои ме гледаат во октагонот и кои ми се поддршка во тие настапи. Можеби ќе дојде денот кога повторно ќе ме видат во октагонот“, рече Леснар за ТМЗ.

Да потсетиме, Леснар падна на воннатпреварувачи допинг тест, а неговата прво сослушување пред Атлетската комисија на Невада треба да биде во текот на овој ден. Се претпоставува дека поранешниот шампион ќе добие привремена суспензија, која ќе биде со важност до целосната расправа и конечната одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО