Головкин покажа кој е шампион против Мурата, нека му ја мисли Канело (ВИДЕО)

Генади Головкин по речиси година ипол повторно влезе во рингот и во деветтата рунда во Саитама супер арената го победи Јапонецот Риота Мурата.

Головкин на тој начин ја додаде титулата на Мурата во ВБА (Супер) на појасот на ИБФ и ИБО во средна категорија, што особено ќе го памети.

Имено, Казахстанецот во петокот го прослави својот 40-ти роденден.

Јапонскиот борец одлично го отвори мечот и држеше високо темпо во првите неколку рунди.

Головкин полека ја презема контролата и тргна многу поагресивно од шестата рунда.

Сè се сврте од моментот кога со голем удар ја скрши заштитата на забите на противникот.

Казахстанецот го подигна темпото и почна попрецизно да го удира Мурата, кој се обиде што подолго да остане во мечот.

На крајот од деветтата рунда Генади со одличен удар со десната рака го собори Мурата, а од аголот на јапонскиот боксер долета крпа и тука беше крајот.

Со оваа победа Казахстанецот обезбеди трилогија против мексиканската ѕвезда Канел Алварез.

Но, Мексиканецот треба прво да боксира против непоразениот Дмитри Бивол на 7 мај, а не се знае дали исходот од тој меч може да влијае на веќе најавената подоцнежна пресметка меѓу Алварез и Головкин.

Третиот меч меѓу Головкин и Канел е закажан за 17 септември. Нивниот прв дуел заврши нерешено, а во вториот победи Мексиканецот. Но, и двата беа контроврезни.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО