Головкин и Канело нема да се борат меѓу себе во следниот меч

canelo ggg sparring

Пред мечот на Мигуел Кото и Саул Алварез, ВБЦ објави дека победникот од следната борба мора да се сретне во рингот со Генадиј Головкин или ќе остане без титулата.

Тоа нема да се случи така брзо.

„Светскиот боксерски совет со гордост објавува, во соработка со сите засегнати страни, состојбата во своата средна категорија. По заедничкото барање на шампионот на ВБЦ, Саул Алварез и привремениот шампион Генадиј Головкин и нивните промотивни компании Голден бој промоушнс и К2 промоушнс, ВБЦ го одлучи следното.

„И на Алварез и на Головкин ќе им биде дозволено доброволна одбраната на титулата за да се зголеми интересот за нивниот со нетрпление чекана пресметка“, стои во соопштението на ВБЦ.

Преговорите што ќе траат 15 дена ќе почнат по завршувањето на претходните одбрани на титулите или пред 31 мај 2016 година.

Ако, поради којбило случај еден од нив не е во можност да учествуваат во борбата за првак на ВБЦ во средна категорија, ќе го изгуби својот статусот на шампион или привремената титула.

„Канело-ГГГе еден од најзначајните настани во боксот и компаниите што ги претставуваат комуницираат отворено и со добра волја. Крајната цел на сите инволвирани е да се обезбедат најдобри услови за нивните боксери и светот на боксот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО