Официјално: Мек Грегор е најбрзиот шампион во историјата на УФЦ, Рокхолод сериозно го погодил Вајдман дури 126 пати!

Conor-McGregor 1 se smee na kfaezot

Пристигнаа официјални резултати од насатнот УФЦ 194, а сега е сигурно борбата Хозе Алдо и Конор Мек Грегор е најкратката борба за титулата во историјата на УФЦ, односно Конор Мекгрегор најбрзо стана светски шампион.

Веднаш по настанот се очекуваше дека во прашање бидат 13 секунди, што е една секунда помалку што на Ронда Русеј и беше потребно за да ја одбрани титулата против Кет Зингано. Сега има точна информација, односно борбата беше стопирана по 13,4 секунди, со што Ирецот со уште еден податок влезе во историјата на ММА.

За Мек Грегор тоа беше 15 победа по ред, од вкупно 19 и дури 17 со нокаут. Ако се додаде дека 15 од тие нокаути се во првата рунда, податокот е уште поимпресивен. Патем стана шестиот борец во историјата на УФЦ, која во пет борби во низа славеше со нокаут. Тоа уште го постигнаа: Мет Браун, Чак Лидел, Жуниор дош Сантош, Тијаго Алвеш и Рико Родригез.

Од друга страна, на Лук Рокхолд му недостасуваше само еден значаен удар да го собори рекордот во средна категорија, кој е во сопственост на Рич Френклин. Тој против Дејвис Луизао забележа 127. Новиот шампион на УФЦ сериозно го погоди Крис Вјадман дури 126 пати во рок од само три рунди на борбата.

Два рекорди во бантам категорија постави Урија Фабер, кој дојде до 11 победа во категориијата -61,5, но и до вкупно 20 уривање, откако настапува во таа категорија на уФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО