Головкин го разнесе и Рубио (ВИДЕО)

Казакстанската боксерска сензација, Генади Головкин, продолжи со феноменалните настапи.

Golovkin

Тој додаде трета титула во својата колекција, откако го смачка привремениот шампион на Светскиот боксерски совет во средна категорија, Марко Антонио Рубио (Мек), ​​на галавечер во Карсон (Калифорнија). Пред 9.323 гледачи азијатот ја запиша 31-та победа (28 со нокаут) од 31 натпревар. Средбата започна со размена на тешки удари во првата рунда. Мексиканецот не издржа во вториот дел. Беше зашеметен по еден ексклузивен удар со левата рака .

„Не го сакам танцот, го сакам вистинскиот натпревар“ – рече по средбата Головкин.

Тоа беше вистински дуел. Имам три појаси. Подготвен сум да се борам со секого. Нема проблем да излезам против Мигел Кото, Сол Алварез или Хулио Цезар, Чавез – Јуниор“. Следниот натпревар на Головкин се очекува да биде во текот на февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО