Големиот балкански карате семинар со рекорден број на учесници

„Големиот балкански карате семинар“ свечено беше отворен од генералниот секретар на Сојузот на спорстки федерации на Македонија, Борче Боев, на кој учествуваат над 100 каратисти од Македонија, Бугарија, Србија и Турција, како и претставници од аикидо, џиу џицу и бразилско џиу џицу.

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денска беше претесен да ги прими сите посетители, при што членската книшка број еден во Карате федерацијата на Македонија, Димче Јанковски, доби посебно признание за неговиот придонес во македнското карате. Семинарот го удостои претставникот на бугасрката амбасада во Македонија Димитар Иванов Димитров.

Совите вештини и знаеења на учесниците на семинарот и ги пренесуваат инструкторите шихан Тони Петров од Бугарија – 7 дан, сенсеи Зоран Пејов од Македонија – 5 дан и шихан Милан Ѓокиќ од Србија – 7 дан, а сенсеи Ранко Вукотиќ (5 дан) од Црна Гора од оправдани причини не беше дел од мајсторите на семинарот.

Годинава семинарот почна од Софија на 22 и 23 март, а продолжува во:
Скопје – Македонија 12 и 13 април
Ниш – Србија 7 и 8 јуни
Будва – Црна Гора  20–23 јуни.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО