Даниел Стефановски вечерва се бори за втората светска титула

 Даниел Стефановски вечерва ја напаѓа втората светска титула во една од најголемите кик бокс организации – ИСКА. Минатата година стана светски шампион во Суперкомбат.

Стефановски вечерва на Фајт најт настанот во Цирих – Швајцарија, се бори со Софијан Алилуше од Франција.

Тие ќе се борат во пет рунди по три минути по К-1 правилата до 81,5 кг.

Даниел пред борбата ни рече дека е пдоготвен уште еднаш да ја израдува македонската јавност, иако противникот е со големо искуство.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО