Голема победа на Александар Волканосвки со нокаут над Чад Мендез на УФЦ 232 (ВИДЕО)

Александар Волкановски (19-1, 6-0 UFC) ја извојува најголемата победа во кариерата која му овозможува влез во Топ 5 на УФЦ откако го совлада со нокаут во втората рунда Чад Мендез на УФЦ 232. Со оваа победа Алекс влезе во серија од 16 последователни победи и рече дека тој му е најлошиот кошмар на Макс Холовеј. Чад Мендез го призна првиот пораз по враќањето во јули ког аго победи Мајлс Џури.

Нивната битка со нетрпение се очекуваше и нѐразочараа. Во првата рунда и двајцата влегоа во цврста борба и си разменија силни удари. Мендез се обидуваше да ја пренасочи борбата на подот и од близу да зададе удар, но Алекс веднаш стана. Во втората рунда Чад успеа да го собори Волкановски со нокдаун, но тој веднаш се исправи и ја продолжија војната во кафезот.

Волкановски успеа да го притисне Мендез и да му зададе силни удари кои соборија на подот, по што следеа уште удари кои го принудија судијата да го прекине мечот.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО