Голем успех на Кобра на „Арес Ниш опен“ – освои 15 медали

Таеквондо клубот Кобра од Скопје го освои првото место во јуниори А класа, воедно се и најдобри на турнирот според резултатите, а има и второ место во пионери Б класа на Меѓународниот турнир „Арес Ниш опен“ во Србија што се одржа викендов. Кобра со 18 натпреварувачи освои 15 медали од кои 3 златни, 8 сребрени и  4 бронзени.

На турнирот настапија повеќе од 360 учесници од 6 држави.

Награда за најдобар јуниорски натпреварувач на турнирот освои Дин Личина, кој се издвои со нокаут против борец од Србија и со победа над друг таеквондист од оваа соседна држава во апсолутна јуниорска категорија.

„И останатите јуниори, како и кадети, извојуваа успешни борби и освоија неколку победи за да дојдат до медал. Пионерскиот тим на ТК Кобра е нова, млада, свежа сила во клубот кој го освои второто место во Б класа. За пофалба се младите „кобри“ кои во борбите пристапија многу храбро и со голема желба за победа. Тимот на Кобра издоминира пред македонските клубови и се издвои со најдобри резултати на турнирот“, вели тренерот Катерина Михајлова и додава:

„Пехарот за прво место јуниори А класа, како и пехарот за второ место пионери, ќе внесат дополнителна мотивација и свежина во клубот, посебно кај децата кои допрва се спремаат да настапат на следниот натпревар“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО