Голем број медиуми ја осудија ВБА и ја исфрлија од известувањата

Светската боксерска асоцијација (ВБА) и нејзините титули повеќе не се сметаат за престижни од голем број водечки медиуми.

Претседателот Жилберто Мендоза не го исполни ветувањето за укинување на привремените титули, а последиците се факт. Од ВБА се очекуваше да остави само по еден светски шампион во секоја категорија, како што доликува, но телото одлучи да се потпре на маркетинг трикови.

Една од последните грешки во организацијата е одземањето на појасот на Мани Пакијао.

Филипинецот имал тешки државни работи за време на пандемијата, но Мендоза и компанијата не се придржувале и му го одзеле појасот на живата легенда. Наместо тоа, во топ 15 беше додаден Бермејн Стиворн.

ВБА го постави на 11-тото место во тешка категорија без победа во последните пет години.

Од „World Boxing News“ ги тргнаа сите шампиони на Светската боксерска асоцијација од нивната листа на светски шампиони.

„Нашите медиуми имаат за цел што е можно попрецизно да им ги пренесат сите настани на навивачите. Сакаме бокс, а не менаџерски игри и имагинарни појаси“, напишаа колегите.

Тоа е и најпосетуваниот веб-сајт во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО