Отприлика две години поминаа од последниот настап на Гокан Саки и неговата победа над Себастијан Чобану, но во последно време поранешниот шампион на Глори се обидува со сите сили да се избори за меч со Рико Верховен.
Беше поприлично гласен и за време на борбата на Рико со Бадр Хари, а се јави и сега, кога се „готви“ она со легендата на спортот – Реми Боњаски.
„Никогаш не одбивам предизвик“, го цитираше Саки актуелниот шампион во тешка категорија, па луто продолжи:
„Беше тивок тие месеци откако те предизвикав. Сега, кога веројатно нема да дојде до реванш со Бадр, почнуваш да зборуваш за Реми Боњаски?! На тебе секогаш ти требаат луѓе кои веќе направиле име и кои имаат навивачи да ја пополнат арената. Зошто се плашиш од борби со другите предизвикувачи од Глори? Затоа што знаеш дека самиот нема да ги продадеш сите места во салата. Ти си измама и знаеш дека против мене ќе го изгубиш појасот. Престани да се потпирааш на туѓите имиња и почни да се бориш за Глори, г-дине Дволичен“, изјави Саки преку својот Фејсбук профил.
Да споменеме и дека Саки и Верховен се бореа на Глори 11. Во таа пригода во полуфиналето во тешка категорија победата ја однесе Рико, но се работеше за мнозинска одлуката на судиите со која Саки и ден-денес не се согалсува.