10 години ТКД Бутел: Се очекуваат олимписки подвизи!

butel logo

Таеквондо клубот Бутел ја одбележа првата декада од постоењето.

butel-na-milenium-open-2016

„Се почна од еден убав и ладен ден, кога неколку ентузијасти почнаа со тренинг кој го водеше Борче Костовски, деца кои не знаеја зошто се во салата! Денеска, по 10 години постоење можеме слободно да кажеме дека испишавме хумана и спортска историја. Оние кои останаа до крај се реализираа како личности со цврст и самоуверен карактер со особини на борци“, вели Дарко Костовски од ТКД Бутел, истакнувајќи дека клубот досега освоил над 1.300 меѓународни медали, над 50 пехари за најдобар клуб на меѓународно ниво.

Butel na Asteriks open Drako so pehari 2016

„Во 2016 година клубот доби тројца балкански шампиони. Моменталнно од нашиот клуб има 15 репрезентативци. Препознатлив бренд во Бутел,Градот и Македонија, заради беспрекорното вложување на многу активни членови на оваа организација. Најсуштинските темелни вредности на клубот се: верата кон Бог, љубовта кон Македонија, лојалноста еден спрема друг, дисциплина, скромност, самоувереност и почит“, констатира Костовски и додава:

„Многу неопишливи мигови. Како моментот кога ќе дојде мало слатко детенце во салата, кое буквално не знае каде се наоѓа до моментот кога го гледаш пред себе како борец кој цели да направи историја. Многу радости, многу тага, многу болка, многу пот, понекогаш крв, многу незаборавни моменти поминати заедно“.

Костовски од неговите такевондисти очекува олимписки подвизи.
Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО