Го замрзна противникот со еден удар: Ваков нокаут не гледате секој ден во мува

Повеќепати е потврдено дека помалку познатите ММА организации се, во најголем дел, вистинско богатство на спектакуларни борби, потези и нокаути. Голем дел од ваквите незаборавни моменти, за жал, често минуваат под радарот на пошироката боречка јавност, но се обидуваме да ја исправиме таа неправда, па сега ви пренесуваме секвенца од Бразил од настанот Џангл фајт 122.

Се работи за борба во мува меѓу Вагнер Реис и Маноел Силва. Во првата рунда од борбата Реис остана лесен на нозе, отскокнувајќи околу работ на кафезот. Повремено фрлаше ножни удари кон потколеницата или главата на противникот, но во најголем дел Силва беше тој што ја иницираше акцијата и се чинеше да го чека својот момент, позиционирајќи се во средината на кафезот.

Меѓутоа, штом тргна напред, ја фати десната рака директно на брадата и остана да лежи неподвижен на подот. Вакви нокаути не гледаме секој ден, особено во мува категорија каде што моќта на ударот дефинитивно не е таканаречениот „икс-фактор“ на повеќето борци. Еве, сепак, тоа беше случај, а видеото од нокаутот погледнете го на крајот на статијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО