91-годишниот Боб Арум: Никогаш нема да се пензионирам!

Легендарниот американски промотер Боб Арум, кој се подготвува да го прослави 92-от роденден во декември, проговори за неговото повлекување од боксерската индустрија.

Арум, роден на 8 декември 1931 година, е американски адвокат и боксерски промотер. Тој е основач и извршен директор на Топ ронг, професионална компанија за промоција на бокс со седиште во Лас Вегас. Пред да стане боксерски промотер, Арум бил вработен како адвокат во даночниот оддел на Окружниот суд на Соединетите Држави за јужниот округ во Њујорк.

Богатството на Арум се проценува на околу 300 милиони долари. Многу луѓе би се пензионирале со такви пари, но Арум не планира.

„Луѓето сакаат да ги слушаат моите приказни за минатото. Тие се фасцинирани од историјата на спортот, но сакам да зборувам за актуелните настани. Кога одам на боксерски вечери, стотици луѓе доаѓаат кај мене. Ме нарекуваат икона и зборуваат за тоа колку години сум поминал во овој спорт.

Тоа навистина не ме засега. Кога правите нешто многу години, не гледајте наназад. Ова е причината зошто никогаш нема да се пензионирам. Не сакам да бидам еден од оние луѓе кои гледаат наназад и зборуваат за своите достигнувања.

Претпочитам да зборувам што ќе правам утре“, изјави Арум за Пробокс ТВ.

Очигледно, Арум планира да работи цел живот. Да е жив и здрав!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО