Го одложија случајот против Каин Веласкез

Поранешниот шампион на УФЦ, Каин Веласкез, продолжува да се бори против обвинувањата дека се обидел да убие човек кој, пак, е обвинет за обид за блуд со 4-годишниот син на спортистот, објави ММА Џанки.

Веласкез (40) минатата среда се појави на суд заедно со неговиот адвокат Рене Хеслинг, за да побара одложување од два месеци. Судијата Даниел Нишигаја им ја исполни желбата.

Се верува дека ѕвездата од ММА нападнала тројца мажи со пиштол во февруари 2022 година. Тој го повредил Пол Бендер, гаѓајќи го неговиот посинок Хари Гуларт.

Гуларт, пак, се очекува да се појави на суд на 12 април за да се обиде да ја докаже својата невиност по обвиненијата дека сексуално го нападнал детето на Каин Веласкез во детска градинка.

Новиот датум во случајот со поранешниот шампион во тешка категорија е 24 мај. Доколку биде прогласен за виновен, во затвор може да помине минимум 20 години. Беше ослободен со кауција во ноември, откако помина 8 месеци зад решетки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON