Џонс се сомнева дека Миочиќ ќе биде подготвен за борба, Стипе одговори: Се гледаме во јули

На Џон Џонс му беа потребни само две минути да ја освои титулата на УФЦ во тешка категорија.

Еден од најдобрите борци во историјата го победи Сирил Гане со завршница во првата рунда на неодамнешниот настан во Лас Вегас.

Тој веднаш по триумфот го прозва најдобриот тешкаш на сите времиња, Стипе Миочиќ, кој го прифати предизвикот.

Нивната борба би можела да биде договорена за јули, но Џонс се сомнева дека Стипе тогаш ќе биде подготвен за борба.

На својот Твитер најпрвин напиша дека Миочиќ го избегнал минатата година, а потоа изразил сомнеж за нивниот судир за неколку месеци.

Но, после тоа, Стипе му рекол:

„Се гледаме во јули“.

Иако мечот се уште не е договорен, обложувалниците веќе објавија коефициенти за пресметката меѓу Џонс и Миочиќ.

Имено, Џон би бил голем фаворит над Стипе во таа пресметка, доколку се договори.

Последната борба Миочиќ ја имаше во март 2021 година кога го загуби шампионскиот појас во мечот против Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО