Глухак повеќе од се го посакува мечот со Борче Талевски:„Ќе го претепам како мачка“!

Минатиот викенд во Карловац се одржа боречкиот Фајт најт настан на кој настапија некои познати имиња од хрватскиот спорт. Еден од нив беше и Ивана Глухак – Храбро срце.

Овој искусен ММА борец, кој најмногу и е познат на публиката по одличните перформанси и големи натпревари во рингот ФФЦ, не е во акција за повеќе од една година.

Иако не ги бира противниците, едно име сепак му е на пик. Тоа е нашиот Борче Талевски со кого требаше да се сретнат на настан во Словенија. Глухак откажа пресметката поради болест, а талевски јавно го прозва, порачувајчи му „дека се исплашил…“

„Мечот против Талевски на ФФЦ го сакаат повеќе од што било. Тоа е голем сцена, ќе има голем број на камери и баш затоа сакам таму да го претепам, за да може подобро да се види на телевизија. Сето она што го рече за мене ќе му го наплатам. И тоа со камата. Буквално ќе го претепам како мачка. Ќе го разбијам. Нема никави шанси против мене и тоа ќе го докаже во рингот на ФФЦ. Тоа момче не е нормално, бидејќи отиде до таму да ме прозива“, заклучува Глухак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО