Глори во август одржува уште еден турнир во тешка категорија

Кик-бокс организацијата Глори одржува уште еден турнир во тешка категорија.

Турнирот ќе се одржи на настанот Глори 87 на 19 август. На турнирот ќе учествуваат четворица борци. Победникот ќе добие шанса да учествува на големиот турнир во тешка категорија што организацијата ќе го одржи во декември.

Влогот на големиот турнир е 500.000 долари, но на него ќе учествуваат 8 борци. На турнирот во август ќе учествуваат Бахрам Раџабзаде, Мохамед Амин, Мартин Терпстра и Уку Јурендал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО