Глори му ја одзеде титулата на Ван Росмален

Robin van Rosmalen so pojas

Робин ван Росмален сега е поранешен шампион на Глори во лесна и перолесна категорија.

„Покерфејс“ беше претежок на мерењето за Глори 37 во Лос Анџелес и одбраната на титулата против Мет Ембре од Канада.

Ван Росмален тежеше 65,2 килограми, односно 200 грама повеќе од границата на перолесна категорија. 27-годишниот Холанѓанец доби уште една шанса да го симне вишокот, но ја одби и во согласност со правилата на Спортската комисија на Калифорнија Глори му ја одзеде титулата.

Појасот и понатаму е влог во битката за Ембре, а ако Ван Росмален победи, и што се очекува, титулата ќе остане испразнета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО