Глори ја финализира борбената карта за Глори: Колишн 4

Глори ја финализираа борбената карта за нивната голема гала вечер во октомври.

На 8 октомври во Арнем, Холандија, ќе бидеме сведоци на настанот Глори: Колишн 4. Во главната борба ќе видиме дуел во тешка категорија. Легендите Бадр Хари и Алистер Оверем ќе направат трилогија во тешка категорија.

Во минатото видовме две средби меѓу двајцата. Хари и Оверем остварија по една победа, сега ќе стават крај на ривалството.

Во коглавната борба Тифани ван Соест ќе ја брани титулата во бантам категорија. Таа ќе ги одмери силите против Сара Мусадак.

Бугарскио кикбоксер Стојан Копривленски ќе има трилогија со шампионот Тијани Безтати, а во залог е појасот во лесна категорија. Стојан и Тијани имаат по една победа.

Борбена карта:
Главна карта
Бадр Хари – Алистер Оверем
Тифани ван Соест (в) – Сара Мусадак
Сергеј Маслобојев – Мароко Тарик Кбабез
Тјани Безтати (в) – Стојан Копривленски
Петпаномрунг Киатму9 (в) – Абрахам Видалес
Леви Ригтерс – Нигерија Тарик Осаро

Прелиминарни:
Серкан Озчаглајан – Цезар Алмеида
Донеги Абена – Бразил Фелипе Микелети
Мајкл Боапеа – Германија Сергеј Браун

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО