Глори го избра најодбриот нокаут за 2016-тата (ВИДЕО)

Најголемата кик бокс организација во светот, Глори, го избра во финишот од својата богата ризница најдобариот нокаут во 2016 година.

И таа чест ја доби Гуто Иносенте (32-7, 4-0 Глори) поради својот сјаен прекин на Глори 27 во Чикаго пред една година на 26 февруари

Бразилецот во таа прилика дебитираше за Глори, а противник му беше американскиот кик-бокс и ММА борец Деморео Денис. Тешкашката пресметка заврши уште првата рунда со спектакуларен нокаут.

„Дебито на Гуто Иносенте не можеше да помине подобро, ниту можеше да има поспектакуларна завршница“, порачаа од Глори со објавувањето на нивниот најдобар нокаут.

Иносенте  се враќа во рингот на 25 март на Глори 39 во Брисел против Мароко Бен Садик.

https://www.instagram.com/p/BRYmV9Ylan8/?taken-by=glorykickboxing

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО