Глори 54: Рико Верховен тренира со Питер Фјури (ВИДЕО)

Рико Верховен – „Кралот на кикбоксот“ (53-10, 16 КО) ќе ја брани титулата во тешка категорија против Хрватот Младен Брестовац – „Скорпион Стинг“ (56-12-1, 35 КО).

Тие се сретнаа во 2016 година, при што Рико успеа да победи со одлука на судиите. Сега повторно ќе се борат во Бирмингем на 2 јуни. И покрај доминацијата во текот на годините, Верховен не престанува да развива и додава нешто ново во неговата борба по секоја битка. Сега одлучи да тренира со Питер Фјури пред средбата со Брестовац.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО