Глигор Петков во репасаж на Премиер лигата во Париз, на Ангела Мојсовска и фалеше и малку среќа

Глигор Петков има шанси и за поголем пласман на премиерното издание на Карате 1 Премиер лигата во Париз, Франција, откако Јапонецот Рјутаро Арага се пласира во финалето во категоријата до 84 килограми и му овозможи борба во репасажот. Инаку Петков во првото коло салвеше против Диего Мораеш Силва од Бразил со 3-1, а во втората средба загуби од Јапонецот 0-5.

Освен Петков и Ангела Мојсовска извојува победа, но во второто коло и фалеше малку и среќа за да помине понатаму, загуби минимално во возбулива борба 5-6.

Натпреварувачите во кати Ферри Исиќ (20,8) и Пуликсенија Јованоска (21,46) не се пласираа во вториот круг.

Резултати
-84 кг
Глигор Петков  – Диего Мораеш Силва (Бразил) 3-1
Глигор Петков – Рујтаро Арага (Јапонија) 0-5

Берат Јакупи – Фредерико  Лопез (Норвешка) 1-4
Виктор Крстевски –  Лахад Сисе (Сенегал) 0-0
Петар Спасеновски – Андреј Торошанко (Украина) 2-3

-75 кг
Петар Заборски – Љубиша Мариќ (Србија)

-68 кг
Ангела Мојсовска – Линглинг Танг (Кина) 3-1
Ангела Мојсовска – Памела Бодеи (Италија) 5-6
Моника Стефанофска – Василики Панециду (Грција) 0-1

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО