Ѓуро Илиќ ја доби титулата самурај на 50-годишнината од тренерската работа (ФОТО)

Во преполната сала на Народниот театар во Битола во петокот беше одржана свечена академија на која беа одбележани 50 години тренерска работа на битолскиот и макеоднски мајстор и пошироко, сенсеи Ѓуро Илиќ.
За големата тутила, ханши/ самурај (учител над учителите), која ретко кој ја добил во овој регион, зборуваше Извршниот директор на Интернационалната будо федерација, мајстор Буразеровиќ.

„Голема е благодарноста кон Ѓуро Илиќ за поканата и честа да сме присутни на оваа свечена академија на која тој прославува 50 години тренерска кариера, а сакам оваа прилика да ја искористам и за промоција на нашиот голем пријател и мајстор. Во оваа прилика сенсеи Ѓуро Илиќ ќе биде промовиран во ханши и носител на црвен појас. Големиот мајстор Илиќ сега е вистински самурај, а со тоа добива е една калиграфија на која е испишана титулата самурај. Илиќ го добива и оружјето на самураите, односно душата, јапонскиот меч – катана која исто така му ја доделува Интернационалната будо федерација“, рече Буразеровиќ.

Катаната на Ѓуро Илиќ му ја додели Хидехару – претседател на Интернационална будо федерација.

„Се што имав да кажам за мојата кариера и за мојот живот беше кажано на документарниот филм кој имавме прилика да го гледате на почетокот на свечената академија, а сакам да им се заблагодарам на малата екипи со која го подготвувме филмот. Сега само ќе додадам, почитувани дами и господа, за вашето присуство и почитување за мене, и ќе ви порачам, да бидете подобри од вчера“, рече сенсеи Ѓуро Илиќ.

.Илиќ им додели плакети на Регионалната стопанска комора – Битола, на претседателот на Будо федерацијата на Македонија, на Ана Врачаревиќ -ќерка на големиот другар и соработник Љубомир Врачаревиќ од Белград, Србија, Хидехару – претседател на Интернационална будо федерација и Асами – мајстор на вештини, двајцата од Јапонија, Мејфилд од САД, потпретседател Интернационална будо федерација, мајстор Буразеровиќ од Србија – извршен директор на ИДФ.

Документрарниот филм „Ѓуро Илиќ…да а се биде подобар од вчера…“ се подготвуваше повеќе од 6 месеци, а беше прикажана кариера на Илиќ од почетоците со фотографии, видеа и други пишани материјали.

Во филмот сенсеи Илиќ зборуваше за неговата тренерска кариера во боречките спортови за професионалниот и приватниот живот, за неговите почетоци во боречките вештини, за прифаќање на тогаш, “големиот залак“ тренерската работа, за надоградувањето, за успесите, за спомените…

На филмот зборуваа повеќе од 20 личности со кои соработувал Илиќ низ 50 години тренерска работа, а зборуваат, а како рече еден од говорниците, мајстор по боречки спортови:

-Си посакувам вакво старење како големиот Ѓуро Илиќ од Битола, да има став како самурај, да им биде тешко на сите кои се наспроти мене да одржат рамнотежа, а со еден збор да бидат како Ѓуро Илиќ, а нам ни останува само сансеи Ѓуро да продолжи како самурјај, во нов јубилеј.

Сите зборува го фалеа, се восхитуваа, за на крај, да им се поклонат на самураите на сцената од неколку континети, и се припија во прегратките на дедо Ѓуро, неговите најмили, неговите три внучиња.



